ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Малеш со интензивни подготовки за пролетната полусезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Амбициозниот третолигаш Малеш интензивно се подготвува за пролетната полусезона во Третата лига – Исток. Клубот кои што е најактивен на трансфер пазарот ќе атакува на прво место и промоција во Втората лига – Исток, што е стартна цел за тековната сезона.
Во борба за првото место влегуваат пет клубови, а бодовната разлика ќе донесе големи возбудувања до самиот крај. Лидер е Брегалница од Делчево со 28 бодови, два помалку има второлигашот Детонит, додека Овче Поле кој е трет има 24 бодови. По 22 бодови имаат Малеш и Хоризонт Турново кои ја делат четвртата позиција.
Фотогалерија од подготовките на Малеш: