Турнири

„Малеш Куп“: Високи победи во последниот ден од групната фаза, вечерва стартуваат четвртфиналните натпревари

Синоќа беа одиграни последните натпревари од групната фаза од турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“, кој се игра во Берово.

Во првиот меч екипата на Кафе Бар Ким беше поразена со 2:4 од Империјал Пит, додека пак во вториот меч победникот беше одлучен после пенал рулетот каде со 2:0 PUB Делчево беше подобар од Life Caffe, откако во регуларниот дел мрежите мируваа (0:0).

Во третиот меч одигран синоќа екипата на Стандард Шема со убедливи 8:3 ја распадна екипата на Гостилница Гаго.

  • Резултати од последниот ден од групната фаза:

Рефреш Кафе со 5 од 5 и максимални бодови е на врвот од табелата во Групата А, со 11 бодови втор на табелата е Империјал Кафе, следува Стандард Шема со бод помалку и Кафе Бар Ким со 6 бодови. Овие четири екипи патуваат во следната фаза од турнирот. Малеш Младинци ги заврши настапите со 3 бодови како петти на табелата, а пак Гостилница Гаго е последна без бодови.

Во групата Б лидер на табелата е PUB Делчево со 14 бодови, Акумулатори е втор со 10 бодови, на третото место со бод помалку е Митрашинци и Life Caffe кој има 7 бодови за четврто место на табелата. Овие четири екипи се патници во четвртфиналето од турнирот во Берово. Со 5 бодови екипата на Грга Транс ги заврши настапите на петото место, а пак Готен е „фенерџија“ на дното без бодови.

  • Табела од група А и група Б:

Четвртфиналната руда ќе биде отворена со мечот од 19 часот помеѓу Стандард Шема и Акумулатори. Еден час подоцна Кафе Бар Ким ќе ги одмери силите со PUB Делчево, Империјал Пит налета на Митрашинци, а овој меч на програмата е од 21 часот. Во последниот меч силите ќе ги одмерат Life Caffe и Рефреш Кафе.

Вечерва во 22:30 започнува големата забава со „Mal&Nov Crew“, а поради големиот интерес, закажете си маса навреме.

  • Плеј-офот почнува вечерва. Не сакате да го пропуштите. Најдобрата фудбалска акција што ќе ја гледате ова лето. „Малеш Куп“ е при крај, уживајте во секој момент од играта:
  • Фотогалерија од последниот ден од групната фаза на „Малеш Куп“ турнирот:

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!