Турнири

„Малеш Куп“: Рефреш Кафе со „петарда“, Life Caffe со две големи победи

Вчера беа одиграни натпревари од претпоследниот ден од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово.

Вечерва беше отворена со убедлива победа на Рефреш Кафе од 5:1 над Стандард Шема, а пак во вториот меч екипата на Life Caffe со 7:1 го декласираше Готен.

Третиот меч беше највозбудлив, откако во регуларниот дел резултатот беше 2:2 во пенал рулетот Империјал Пит со 3:1 беше подобар од Стандард Шема. Во последниот меч Грга Транс загуби со 1:2 од Life Caffe.

  • Резултати од претпоследниот ден од групната фаза:

Рефреш Кафе е на врвот од табелата со максимални 15 бодови во група А, втор е Империјал Пит со 8 бодови, а потоа следуваат Кафе Бар Ким и Стандард Шема со по 6 освоени бодови. Малеш Младинци е петти со 3 бодови, а без бодовно на дното е Гостилница Гаго.

Во група Б екипата на PUB Делчево со максимални 12 бодови е на врвот, два помалку има второпласираниот Акумулатори, а пак Митрашинци со 9 бодови е трет. Life Caffe со вчерашниот две победи се проби на четвртото место со 6 бодови, а пак бод помалку Грга Транс која е место подолу. На дното без бодови е „фенерџијата“ Готен.

  • Табела од група А и група Б:

Последниот ден од групната фаза на „Малеш Куп“ ќе биде затворен со три натпревари. Во првиот меч од 19:00 часот Гостилница Гаго ќе игра против Стандард Шема, Life Caffe против непоразениот лидер PUB Делчево од 20:00 часот, а пак час подоцна Империјал Пит ќе игра против Кафе Бар Ким.

Вечерва ќе биде заокружена со забава со Acapulco Band од 21:30 часот.

  • Погледнете ја атмосферата на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“:

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!