Турнири

„Малеш Куп“: Катастрофален пораз на Гостилница Гаго, PUB Делчево и Митрашинци до нови победи

Вчера беа одиграни натпреварите од шестиот ден од турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово.

Најубедлива победа однесе Империјал Пит кој со убедливи 7:2 ја декласираше екипата на Гостилница Гаго, а пак во вториот дем PUB Делчево со 2:4 беше подобар од Акумулатори.

Во третиот меч екипата на Митрашинци со 4:2 го доби „фенерџијата“ Готен, а пак во последниот меч фаворитот Рефреш Кафе со 1:2 го доби Империјал Пит.

  • Резултати од шестиот ден на „Малеш Куп 2022“:

Во однос на табелата во Групата А убедливо на врвот со максимални 12 бодови е Рефреш Кафе, додека пак Кафе Бар Ким е втор со шест бодови, колку што имаат Стандард Шема и Имепријал Пит. Малеш Младинци со три бодови е на претпоследното место, а на дното без бодови е „фенерџијата“ Гостилница Гаго.

Во Групата Б со максимални 12 бодови е PUB Делчево, втор е Акумулатори со 10 бодови, бод помалку има Митрашинци кој е трет, а пак со 5 бодови е Грга Транс на четвртото место. Без бодови е Life Caffe и Готен.

  • Табела од Група А и Група Б:

Вечерва е претпоследниот ден од групната фаза на „Малеш Куп“ турнирот во мал фудбал. Во првиот меч од 19:00 часот Рефреш Кафе ќе игра против Стандард Шема во меч кој ќе донесе доста возбудливи моменти, во вториот меч ќе се соочат екипите без бодови Life Caffe против Готен.

Третиот меч ќе започне во 21:00 часот меѓу Империјал Пит и Стандард Шема, а во 22:00 часот ќе играат Грга Транс и Life Caffe.

Фудбалската магија ќе биде заокружена со забава со Жаклина Узунова и Маестро Бранко со почеток во 22:30 часот.

  • Фотогалерија од атмосферата на шестиот ден на „Малеш Куп 2022“:
  • Во продолжение фотогалерија од вчерашните четири натпревари на „Малеш Куп 2022“:

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!