„Малеш Куп“: Кафе бар Ким и Рефреш Кафе убедливи на стартот од турнирот, тесна победа за Акумулатори

Кафе Бар Ким и Рефреш Кафе однесоа убедливи победи на стартот од првиот турнир „Малеш Куп“, за одличен прв ден на фудбалскиот турнир во Берово.
Екипата на Кафе Бар Ким со убедливи 8:0 триумфираше над Малеш Младинци, додека пак Рефреш Кафе со 10:2 беше далеку подобар противник од Гостилница Гаго.
Третиот натпревар понуди поголема возбудливост за гледачите. Акумулатори со тесен резултат од 3:2 славеше над Life Cafee и ги однесе трите бодови.
- Резултати од прв ден „Малеш Куп“:

Во однос на табелата во групата А- Кафе Бар Ким е на врвот од табелата со максимални три бодови, колку што има и Рефреш Кафе кој е втор поради гол разликата. Во однос на табелата од група Б- екипата на Акумулатори е на врвот со максимални 3 бодови.
Турнирот беше отворен со пријателски натпревар помеѓу ветераните на Малеш.
- Фотографии од натпреварите од првиот ден на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“:
- Табела од група А и група Б:


Вечерва во првиот меч Грга Транс ќе ги одмери силите со Готен, Гостилница Гаго ќе се соочи со Малеш Младинци. Кафе Бар Ким ќе игра дерби со Рефреш Кафе во третиот меч, додека пак во последниот меч за вечерва ќе се соочат Грга Транс и Митрашинци.
- Во прилог погледнете ја одличната атмосфера во Берово, а вечерва во 19:00 продолжува фудбалската акција во рамки на вториот ден од „Малеш Куп“:
Спортска Мрежа ве поканува во Берово да уживате во фудбалската магија на сите екипи, во одличната атмосфера и прекрасното Берово.
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“!