Турнири

„Малеш Куп“: Кафе Бар Ким и PUB Делчево се „распукаа“, Рефреш Кафе и Акумулатори до нови три бода

Вчера беа одиграни натпревари од вториот ден на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“ – Берово кој е под медиумскo покровителство на Спортска Мрежа.

На стартот од втората вечер беше забележа најубедливата победа на „Малеш Куп“, откако Кафе Бар Ким без милост со 2:12 ја торпедираше екипата на Гостилница Гаго. И во вториот меч беше забележана убедлива победа, откако PUB Делчево на првиот настап на „Малеш Куп“ со 6:1 го прегази Готен.

Третиот меч донесе најголема возбуда за гледачите, откако со тесе резултат (3:2) фаворитот Рефреш Кафе потешко од очекуваното ги запиша трите бодови на своето конто за максимални 9 бодови. Во последниот меч Акумулатори приредија ладен туш за Митрашинци, откако екипата на Акумулатори со 3:0 беше далеку подобар противник.

  • Резултати од втор ден „Малеш Куп“:

Во однос на табелата во Група А- Рефреш Кафе е на врвот со максимални 9 бодови, потоа следува Кафе Бар Ким кој има шест бодови, со три бодови е Малеш Младинци како трет, на четвртото место е Голстилница Гаго без освоени бодови.

Во Група Б- Акумулатори е на врвот со максимални 6 бодови, а со по три бодови следуваат PUB Делчево које втор, третопласираниот Митрашинци, и Грга Транс како четвртопласираната екипа. Без бодови се Life Caffe и Готен.

  • Табела од група А и група Б:

Третата вечер од „Малеш Куп“ ќе стартува во 19:00 часот со мечот меѓу Стандард Шема и Малеш Младинци, а во вториот меч повторно Стандард Шема игра овој пат против Кафе Бар Ким, меч кој сигурно ќе привлече големо внимание.

Во третиот меч кој е закажан за во 21:00 часот фаворитот Акумулатори ќе брка нова победа против Готен кој е на дното без бодови, а во последниот меч од 22 часот Life Caffe ќе атакува на прва радост на турнирот против Митрашинци.

Вечерва ќе биде заокружена со одлучна забава со DJ Dido, која ќе стартува во 22:30 часот. Локацијата е многу добро позната, кај Стара Гимназија.

  • Во прилог погледнете ја одличната атмосфера во Берово, а вечерва во 19:00 продолжува фудбалската акција во рамки на вториот ден од „Малеш Куп“:

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!