ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Малеш и Карбинци одиграа нерешено на „генералката“ во Берово (ФОТО)

Третолигашите Малеш и Карбинци одиграа „генералка“ пред стартот на пролетната полусезона од Третата лига – Исток. Натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Берово заврши без победник со резултат 1:1.

Стрелец на погодокот за Малеш беше Филип Гоцевски, додека за Карбинци погоди Бобан Стојанов од пенал.

Малеш во пролетната полусезона влегува со силни амбиции да го напаѓа првото место и да влезе во Втората лига – Исток, што е прва цел на клубот. Карбинци за пролетниот дел има за цел да ја продолжи успешната есенска серија, на секој натпревар да оди на позитивен резултат и да демонстрира добра игра, со што клубот би се искачил на повисоко место на табелата во Третата лига – Исток.

Стартот на пролетната полусезона е закажан за 14 март, а интересно е тоа што и двата клуба стартуваат со дерби натпревари. Малеш патува во Свети Николе каде ќе се соочи со директниот конкурент Овче Поле, додека Карбинци ќе има тешко гостување во Делчево каде ќе се соочи со лидерот Брегалница.

Табелата од Третата лига – Исток пред стартот на пролетната полусезона можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!