Малеш гостува кај Карбинци, Спартмани оди кај шампионот Овче Поле, Осогово домаќин на Победа

В недела ќе започне новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток со вкупно 12 екипи.
Победа од Валандово и Вардарски од Богданци по долги години се враќаат во третолигашкиот фудбал, додека пак Брегалница од Делчево, Тиверија од Струмица и Спартмани од Градско Балдовци (струмичко) по една сезона пауза повторно ќе се натпреваруваат во третолигашкото друштво на Истокот, додека пак новајлија ќе биде Академија Чешиново-Облешево.
Во првото коло кое се игра в недела со почеток од 16:00 часот, ланскиот второлигаш Осогово ќе го пречека составот на Победа од Валандово, додека пак Спартмани патува во Свети Николе каде ќе игра против актуелниот шампион Овче Поле.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Новајлијата Академија Чешиново-Облешево ќе биде домаќин на Брегалница од Делчево, Рудар сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Дојранско Езеро, Малеш ќе гостува кај Карбинци, додека пак во Богданци ќе се соочат домаќинот Вардарски и гостинот Тиверија.
ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ – МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА, КОНТАКТ: 074 241 247
- Прво коло (недела) 11. септември 16:00 часот:
Академија Чешиново-Облешево – Брегалница Делчево
Овче Поле – Спартмани
Рудар – Дојранско Езеро
Карбинци – Малеш
Осогово – Победа Валандово
Вардарски Победа – Тиверија