ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Малеш ги закажа подготовките и се раздели со пет играчи

Третолигашот Малеш подготовките за новата сезона од Третата лига – Исток ќе ги започне на 4. август.

Екипата спогодбено се раздели со пет играчи, а клубот изрази благодарност за нивниот досегашен ангажман.

Во новата сезона во дресот на беровскиот клуб нема да настапуваат Мики Ѓеоргиевски, Миле Димитров, Филип Гоцевски, Кирил Коколански и Иле Велков.

“Со нивни заеднички договор и спогодба се разделуваме од овие фудбалери што ги оставија своите срца на терен. Припремниот период на екипата почнува од 04.08.2021 година, амбициите остануваат и максимално ќе се подготвуваме за новата сезона која почнува во септември”, велат од Малеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!