ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Малеш домаќин на Чешиново 2015, Карбинци ќе го пречека Овче Поле

Утре конечно ќе започне новата сезона од Третата фудбалска лига – Исток во која ќе се натпреваруваат осум екипи, две повеќе од првичната најава.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Како што најави Спортска Мрежа во новата сезона ќе се натпреваруваат Малеш од Берово, Чешиново 2015, Карбинци, Овче Поле од Свети Николе, Дојранско Езеро и Рудар, како и двете струмички екипи кои сепак пријавија учество Тиверија и Спартмани од Градско Балдовци.

Веќе утре во првото коло Малеш на домашен терен ќе ја отвори сезоната против Чешиново 2015, Карбинци ќе биде домаќин на Овче Поле. Тиверија ќе гостува кај Дојранско Езеро, во Пробиштип силите ќе ги одмерат Рудар и Спартмани, но овие два натпревари наместо утре ќе биде одиграни после второто коло, во вонреден термин односно среда.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Според информациите на Спортска Мрежа ќе се одигра целата сезона односно 100% со едно до две вонредни кола.

Шампионот ќе игра бараж за влез во Втората фудбалска лига која од следната сезона ќе биде единствена.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!