ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Малеш денес ќе одигра контролен натпревар со Каменица Саса

Третолигашот Малеш денес ќе се тестира со второлигашот Каменица Саса, контролка која ќе биде одиграна на Градскиот стадион „Димитар Беровски“ во Берово со почеток од 14:00 часот.
Малеш во пролетната полусезона од Третата лига – Исток влегува како најсериозен кандидат за прво место и промоција во Втората лига – Исток. Пред стартот на пролетната полусезона од Третата лига – Исток, Малеш ќе одигра уште два контролни натпревари.
Беровчани пролетната полусезона ја стартуваат во Свети Николе каде ќе играат дерби со директниот конкурент Овче Поле.
Каменица Саса веќе во сабота го отвара пролетниот дел од Втората лига – Исток со гостувањето во Кочани кај екипата на Осогово.