ОстанатоФудбалФутсал

Мал Ајакс пресилен за СФК Проект во Валандово

Мал Ајакс со триумф го отвори 6. коло од Втората футсал лига откако штипјани со убедливи 2:6 триумфираа над СФК Проект за четврто сезонско славје и се искачи на второто место на табелата барем до недела.

Победникот беше решен уште во првиот дел од натпреварот, а голманот Петар Танев по само две минути игра си постигна автогол и ги донесе штипјани во водство од 0:1. По три минути Иван Рунтев постигна погодок за 0:2, а потоа со два брзи гола домашните израмнија на 2:2. Прво стрелаше Валентин Михајловски, а потоа погоди Радомир Вешковиќ. Тоа како да го „налути“ Мал Ајакс, па следуваше одговор од противникот кој до крајот на првиот дел три пати ја погоди противничката мрежа за 2:5 на полувреме. Погодоците ги постигнаа Игор Лазов, Дарко Димитровски и Мелих Шерифов.

Во вториот дел падна само една погодок, а стрелец на истиот беше Серхан Шакиров кој стрелаше на две минути пред крајот на натпреварот кој се одигра во „Филип Втори“.

Фер и коректен натпревар, одлична „свирка“ на Роберт Црвенов и Славче Шоповски од Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!