ФудбалФутсал

Мал Ајакс немаше сили и загуби од Карадаку

Интересен и возбудлив меч се одигра во Штип меѓу домаќинот Мал Ајакс и Карадаку, во кој гостите славеа со 6:7 во последниот натпревар за есенскиот дел од Првата футсал лига.

Првото полувреме беше доста неизвесно и заврши нерешено со резултат од 2:2. Први до водство дојдоа гостите во 6. минута преку Зекири, а во 12. минута Штрков израмни на 1:1. Одличната игра на домаќинот им донесе водстов од 2:1 преку Тиквешанац, а само две минути подоцна Јунузи израмни на 2:2.

Неизвесноста продолжи и во второто полувреме, а водстовото се менуваше и на двете страни. Штрков повторно донесе водство за Мал Ајакс од 3:2, а 5 минути подоцна со два брзи гола преку Ајдини и Исени гостите дојдоа до водство од 3:4. Домаќинот во 33. минута израмни на 4:4 преку Игор Лазов, три минути подоцна Хасан погоди и повторно донесе водство од 4:5 за Карадаку. Во последните 3 минути паднаа дури четири гола. Најпрво Кадараку го зголеми водстово од 4:6 преку Зекири, а штипјани постигнаа два брзи гола и дојдоа до 6:6 преку Мамудов и Штрков. Кога сите мислеа дека тоа ќе е конечниот резултат, Артан Јунузи постигна гол во последните секунди за конечни 6:7 и цел плен за Карадаку.

Пролетниот дел Мал Ајакс го стартува на домашениот терен во Штип против Кратово, додека Карадаку ќе гостува кај шампионот Шкупи.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!