ОстанатоФудбалФутсал

Мал Ајакс ги искина мрежите во Тетово: Убедливо совладан СЕЕ Университи

Штипски Мал Ајакс вечерва со убедлива победа прв ја отвори пролетната полусезона, откако во Тетово ги „искина мрежите“ и со убедливи 1:5 го торпедираше СЕЕ Университи, со што штипјани уште еднаш најавуваат дека целта е експресен кам-бек во елитата и од тоа отстапување нема.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Двојни стрелци за гостите од Штип беа Љубомир Тиквешанац и Мелих Шерифов, а еден погодок постигна и Дарко Димитриовски, кај домаќините, пак, стрелец на единствениот погодок беше Хисен Мемеди.

Во следното коло Мал Ајакс ќе биде домаќин на Клими од Кавадарци, додека пак СЕЕ Университи ќе има тешко гостување кај фаворитот Форца.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!