Одбојка

Македонските одбојкари заминаа за Софија, утре и задутре нови контроли со Бугарија

Со Филип Деспотовски во составот и повторно без услугите на Филип Маџунков, македонската одбојкарска репрезентација ќе ги одигра двата софиски натпревара со Бугарија, последни пред квалификациите за Европското првенство.

Минатата недела во Скопје, во рамки на 44. издание на турнирот „Чајка“, противникот беше подобар со 3:2 и со 3:1, иако ние водевме со 2:0 во првиот и со 1:0 во вториот меч, а во споредба со тие соочувања, црвено-жолтите сега ќе ја имаат поддршката од техничарот Деспотовски, кој неодамна се приклучи на подготовките на нашиот национален тим.

Со оглед дека сме дефицитарни на позицијата среден блокер, стручниот штаб не сака да ризикува со коленото на Маџунков, па нема да смета на него ниту за гостинскиот двомеч со Бугарија. Тоа значи дека во македонскиот репрезентативен табор ќе има само една промена во однос на составот од арената „Борис Трајковски“, а тоа е Деспотовски на местото на Ефтим Ричлиев.

Поврзани Наслови

Од целосниот состав, покрај Маџунков, повторно меѓу кандидатите за настап не е Стефан Алексов.

  • Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски
  • Коректор: Никола Ѓорѓиев
  • Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Дарко Ангеловски
  • Средни блокери: Ристо Николов, Славе Наков, Иван Андонов, Филип Савовски
  • Либера: Васе Михаилов и Филип Николовски

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!