ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонските фудбалерки со скок од 12 места на ФИФА ранг листата

Женската фудбалска репрезентација на Македонија успеа да направи скок од 12 места на последното ФИФА рангирање за 2020 година. Македонија во моментот е на 117 место со 1097 поени. Од европските репрезентации само Андора е послабо рангирана од нашата репрезентација.

Македонија оваа година одигра четири натпревари и запиша една победа и три порази. Нашиот национален тим заврши на претпоследното место во својата група во квалификациите за Евроспкото првенство.

На првото место е САД, потоа следи Германија, Франција, Холандија, Шведска, Англија, Австралија, Бразил, Канада…

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!