Македонските фудбалери Попоски и Рамадани нови играчи на турски Анкарагучу! (ФОТО)

Македонските фудбалери Димитар Попоски и Мердиан Рамадани од третолигашот Њу Старс од Скопје се „преселија“ во Анкарагучу од Турција.
Младите фудбалери ќе настапуваат за У-19 тимот во пролетната полусезона, а на лето ќе добијат професионални договори со можност за настап и за сениорската екипа на Анкарагучу која се натпреварува во најсилната турска лига.

18-годишниот охриѓанец Димитар Попоски во својата кариера има настапувано за Вардар, Форца – Вардар и Њу Старс.
Скопјанецот Рамадани кој има 18 години во својата кариера има настапувано во Албион, Шкупи и последно во Њу Старс.

Младите македонски фудбалери веќе се во Турција и ги започнаа тренинзите во новиот клуб.
„Брзо се прилагодивме, децата нè прифатија уште од првиот ден, како и тренерите. Многу сум задоволен од условите за работа, кои ни овозможуваат да се развиваме како поголеми играчи“, кратко изјави Попоски за Спортска Мрежа.