ФудбалФудбал - Останато

Македонскиот фудбалски талент Андреј Наков потпиша професионален договор со Сиренс и стана најмладиот член на клубот од Малта

Големиот македонски фудбалски талент Андреј Наков стави потпис на професионален договор со прволигашот Сиренс од Малта и стана најмладиот фудбалер на овој клуб.

Наков од декември 2020 година започна со тренинзи во сениорскиот тим на Сиренс, клуб којшто се натпреварува во Премиер лигата на Малта, односно најсилната малтешка лига, каде што е под водство на искусниот италијански тренер Џовани Тедеско којшто бил премногу изненаден од талентот на Андреј.

Спортска Мрежа веќе пишуваше за овој талентиран млад фудбалер кој нижи големи успеси на Островот и воедно поставува големи рекорди. Андреј сезонатa 2020/21 ја заврши со уште еден нов голем рекорд, како во клубот така и на Островот постигнувајќи 21 гол на осум натпревари. Сиренс дефинитивно има голем талент во својте редови, а Наков стана најмладиот фудбалер со професионален договор.

Неговото име веќе се најде на најголемиот веб сајт за трансфер на фудбалери – трансфер маркет.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!