ФудбалФудбал - Останато

Македонскиот фудбалски талент Андреј Наков најдобар фудбалер и стрелец на Малта

Младиот македонски фудбалер Андреј Наков е голем фудбалски талент. 16-годишниот играч е надобар фудбалер и стрелец во неговата категорија веќе втора сезона по ред на Малта.

Наков почетоците со фудбалот ги прави во третолигашот Њу Старс во Скопје, кога на 6 годишна возраст неговите родителите го запишале на фудбал и останал во клубот пет години. Желбата за фудбал била голема, активно тренирал, станувал се подобар и подобар, постојано растел и се надградувал.

Напредокот кај него бил голем, по што тој сакал да замине во друг клуб, со можност за уште поголем напредок и можност за докажување. Тој продолжил во фудбалската школа Форца кај легендарниот Јовче Џипунов. После неколку тренинзи во Форца, Андреј се решил да остане и да продолжи да тренира овде, каде што се задржал повеќе од три години.

Уште од самите почетоци во Форца, Џипунов проценил дека Наков има голем талент и дека треба да се работи многу со него и дека еден ден ќе заигра вистински фудбал. Наков имал одличен напредок во својата кариера со што тој се приклучил кон 2001/2002 генерација и имал дозвола за тренирање два пати на ден. Наутро тренирал во Тафталиџе со неговата генерација, а навечер во Аеродром со поголемата генерација.

Неговите родители во 2018 година се решиле да заминат на Малта, со цел Андреј да има поголем напредок во неговата кариера. Откако пристигнале во Малта, ги направиле првите разговори со Сиренс со цел Андреј да продолжи со тренинзите и развој на неговата кариера. Разговорите вродиле со плод со што Андреј започна со тренинзи во клубот кој се натпреварува во најсилната лига на Малта.

Еден од тренерите од Сиренс го препознал големиот талент на Андреј по само еден месец тренинзи, по што македонскиот фудбалски талент започнал да настапува за У-15 тимот на пријателски натпревари. На првиот натпревар Андреј постигнал 4 гола за само 20 минути, од клубот не чекале многу, веднаш ги контактирале родителите на Андреј со цел да ги подготват сите потребни документи за регистрација на Андреј во клубот со цел да може да се натпреварува во лигата.

Резултати и статистики од македонскиот талент Наков:

На првиот официјален натпревар Андреј направил хет-трик кој го повторил и на следните два натпревари и бил прогласуван за играч на натпреварот. Истата година, Андреј бил најдобар стрелец во клубот и добил дозвола за настап и за У-17 тимот. Со наполнети 15 години, Андреј настапил за У-17 тимот и постигнал одлични резултати. На четири одиграни официјални натпревари постигнал 9 погодоци, но поради корона кризната, првенството е запрено, а Андреј е прогласен за најдобар стрелец на Островот како играч со најмногу постигнати погодоци според одиграни минути.

Големиот фудбалски талент во тековната сезона има одиграно 7 официјални натпревари за У-17 тимот постигнувајќи 21 погодок, или вкупно 43 погодоци за клубот, резултатот со којшто во Сиренс е на врвот на табелата во У-17. Ниту еден играч на Островот во У-17 лигата го нема постигнато резултатот на младиот македонски фудбалер.

Андреј од декември 2020 година тренира и со сениорскиот тим на Сиренс, клуб којшто се натпреварува во Премиер лигата на Малта, односно најсилната малтешка лига, каде што е под водство на искусниот италијански тренер Џовани Тедеско којшто бил премногу изненаден од талентот на Андреј.

Раководството на Сиренс веќе му има понудено професионален договор на Андреј и деновиве се очекува тој да го потпише и да продолжи со тренинзи со сениорската екипа, што значи дека Андреј првиот професионален договор ќе го потпише на 16 години.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!