Одбојка

Македонската репрезентација за одбојкарки до 19 години на подготовки во Берово

Македонската репрезентација за одбојкарки до 19 години денеска се собра во Берово за да го одработи јануарскиот циклус од подготовките за Европското првенство во 2022-ра коешто ќе се одржи кај нас. Селекторот Ненад Михајловиќ минатиот месец го скрати списокот од 24 на 18 одбојкарки, а со нив овој пат покрај на техничкиот, ќе тренира и на тактичкиот сегмент затоа што црвено-жолтите сакаат да одиграат пријателски натпревари.

На списокот на Михајловиќ се: Теодора Шукуловска (Вардар ЕМ) и Михаела Цветановска (Пелистер волеј) на позиција техничарки, либерата Надица Антеска (Јанта волеј Форца) и Зорана Станковска (Вардар ЕМ), коректорките Мери Бошковска (Јанта волеј Форца), Анастасија Ристевска (Пелистер волеј) и Ива Чадиковска (Јанта волеј Форца), примачката дијагонала ја пополнуваат Ана Јаничиќ (Вардар ЕМ), Добрина Хаџи Тосева (Наковски волеј), Мила Вакувска (УГД Студент), Тинка Недева (Наковски волеј), Стефани Најдановска (Пелистер волеј) и Анастасија Овнарска (Јанта волеј Форца), а во црвено-жолтиот дрес се и блокерките Марија Василевска (Вардар ЕМ), Катерина Чочовска (Јанта волеј Форца), Меланија Каралиоска (Пелистер волеј), Ива Стојкоска (Јанта волеј Форца) и Марија Пакетова (Наковски волеј).

Поврзани Наслови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!