ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонската репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Финска

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Финска. 

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17. ноември на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

Последниот пријателски натпревар против Финска го одигравме во март 2018 година. Во турски Белек, мечот заврши без голови, 0:0. 

Во октомври, нашата селекција веќе го потврди пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија. 

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!