ФудбалФутсал

Македонската футсал репрезентација со пораз од БиХ ги стартуваше квалификациите за ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз ги започна Квалификациите за Европското првенство 2022 во Холандија, откако нашата репрезентација загуби од Босна и Херцеговина со 2:1 на гостински терен во Зеница.

Двата гола за БиХ ги постигна Бошковиќ, додека за нашата репрезентација единствениот гол го постигна Петровиќ.

Следниот натпревар Македонија го игра на 3. февруари на домашен терен против Романија, која во првото коло ремизираше со Србија играќи 2:2. На Европското првенство патуваат првопласираните екипи, како и шесте најдобри второпласирани репрезентации.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!