ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Македонија Враништа со триумф над Победа Ивањевци, Белица минимално ја совлада Лирија, Воска го доби Црно Буки

Македонија Враништа на домашен терен со 2:0 запиша триумф над Победа од Ивањевци во меч од 20. коло од Третата лига – Југозапад. Резултатот беше отворен во 27. минута со гол на Стојчески Климент за 1:0 на полувреме. Во 61. минута Затуроски Александар ги постави конечните 2:0.

Влазними со 2:1 стигна до победа над Преспа. Шекуткоски Даниел донесе рано водство во 9. минута за домаќините, а Пластиновски Нико израмни на 1:1 во 31. минута. По четири минути игра од вториот дел Шекуткоски со втор гол ги постави конечните 2:1.

Фудбалерите на Сатеска стигнаа до голема победа на Новаци откако на домашен терен славеа со 3:1. Угриноски Никола во 8. минута донесе рано водство за домаќинот. Во вториот дел паднаа три погодоци. Бимбилоски Боге постигна гол за 2:0. Новаци преку Стефановски Стеафн намали на 2:1 и се обиде да се врати во игра барем за бод, но Милошески Дејан по две минути игра ги постави конечните 3:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Белица го доби најважниот натпревар во борбата за опстанок, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Лирија. Гостинот може многу да жали бидејќи Наџипи Демир си постигна автогол во 19. минута кој се покажа како победнички за домашната екипа.

Дебарца на домашен терен без никаков проблем стигна до убедлив триумф од 4:1 над „фенерџијата“ Стрела. Велоски Јордан во 25. минута донесе водство за домаќинот од 1:0, а Цоклески Александар ја дуплираше предноста и на паузата се замина со 2:0. Само две минути беа потребни игра од вториот дел за Дебарца да има 3:0, а овој пат стрелаше Павлески Никола. Во 56. минута Апостоловски Виктор намали на 3:1. Конечниот резултат беше поставен во 82. минута со погодок на нововлезениот Наумоски Дејан.

Црно Буки дома загуби со убедливи 0:3 од лидерот Воска од Охрид. Првиот гол на натпреварот падна во 32. минута, а стрелец на истиот беше Далчев Љубен. По седум минути игра Далчев со втор гол ја дуплираше предноста за гостите од Охрид. Нововлезениот Сиљаноски Теофил во 90. минута ги постави конечните 0:3.

Октиси и Караорман ремизираа играјќи 2:2 во натпревар со луда завршница. Првиот гол падна во 74. минута, откако судијата Ѓорѓиески покажа на белата точка за гостинот, одговорнота ја презеде Чолески Маријан кој успешно реализираше за 0:1. Само две минути подоцна Ѓорѓиев покажа на белата точка сега за домаќинот, а Ѓетали Белќија успешно реализираше за 1:1. Октиси во 79. минута преку „џоќерот“ Арифи Шкендим дојде до водство од 2:1. Во судиското надополнување Караоран се спаси од пораз откако нововлезелниот Далчески Климе погоди за конечни 2:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!