ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Македонија Враништа убедлива на тестот против Влазними

Третолигашите Македонија од Враништа и Влазними одиграа контролен натпревар кој заврши со убедливи 1:4 за екипата на Македонија.

До убедливата победа Македонија стигна преку трите погодоци на Александар Затуроски и еден гол на Васко Боровчански.

Тренерот Крстаноски полека но сигрно ја темпира формата на екипата од Враништа за новата сезона од Третата лига – Југозапад која стартува веќе в недела со натпреварите од првото коло. Третолигашите влегуваат во последната недела од подготовките, а во првото коло Македонија Враништа ќе гостува кај екипата на Сатеска, додека пак Влазними ќе биде гостува кај екипата на Октиси Спорт.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!