Македонија Враништа со победа над Црно Буки, Воска со триумф над Влазними, Сатеска убедлива против Победа Ивањевци

Денес се одиграа натпреварите од 18. коло од Третата лига – Север.
Црно Буки 0:1 Македонија Враништа
Екипата на Македонија од Враништа на гостински терен со 0:1 славеше над фаворитот Црно Буки. Одличен натпревар за гостинската екипа која дома ги однесе трите бодови. Стрелец на единствениот гол кој падна во 82. минута беше Попоски Антонио.
Влазними 1:3 Воска
Лидерот Влазними не знае за пораз, на гостувањето кај Влазними славеше со 1:3 и стигна до 16-тиот сезонски триумф. Охриѓани стигнаа први до водство со голот на Доко Насер во 27. минута. Во вториот дел паднаа три погодоци. Во 65. минута Мерко Мертион го дуплираше водството за ВОска. Во 87. минута Далчев Љубин зголеми на убедливи 0:3. Две минути подоцна Џелеши Рејхан ги постави конечните 1:3.
Сатеска 3:0 Победа Ивањевци
Сатеска без многу проблеми ја оправда фаворитската улога со убедлив триумф над Победа Ивањевци со 3:0. Првиот гол на натпреварто во Волино падна во 18. минута, стрелец беше Бочески Дарко. Во 56. минута судијата Спироски покажа на белата точка за домашната екипа, Бочески успешно реализираше и донесе водство од 2:0. Седум минути подоцна Угриноски Никола ги постави конечните 3:0.
Октиси 0:0 Преспа
Дуелот меѓу Октиси и Преспа заврши без победник и без погодоци (0:0). За домашната екипа ова е петто реми, додека ресенчани го запишаа првото сезонско реми.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Дебарца 2:1 Кравари
Дебарца на домашен терен запиша голема победа над Кравари со 2:1. Иако според формата го фаворизираше Кравари, трите бодови останаа дома. Резултатот го отвори Трпоски Анѓеле во 28. минута од натпреварот за водство на домаќинот од 1:0. Во 50. минута Цоклески Горан зголеми на 2:0. Гостинската екипа намали на конечните 2:1 со гол на Гилев Никола во 75. минута.
Стрела 1:4 Лирија
„Фенерџијата“ Стрела немаше сили за Лирија која на теренот во Могила славеше со убедливи 1:4. Гостинот резултатот го отвори уште во 2. минута од натпреварот со гол на Боревски Матеј. Во 38. минута Неџипи Демир донесе двојна предност за Лирија. По пет минути игра во вториот дел Талевски Филип намали на 1:2. Во 55. минута Поповски Дарко зголеми на 1:3. Конечниот резултат во 82. минута го постави Мурати Аљбион со гол постигнат од пенал.
Белица 1:4 Караорман
Караорман стигна до голема победа над Белица со 1:4. Резултатот беше отворен уште во 1. минута од натпреварот со гол на Далчески Димитар. Пред крајот на натпреварот Димов Никола зголеми на 0:2. По осум минути игра во вториот дел Далчески Климе донесе водство од 0:3 за гостинот од Струга. Далчески Илија во 62. минута постигна гол за високи 0:4. Конечните 1:4 ги постави Шадов Денис со гол постигнат од пенал.