ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Македонија Враништа на дерби со Црно Буки, Влазними домаќин на лидерот Воска, Караорман гостува кај Белица

Во недела ќе бидат одиграни натпревари од 18. коло од Третата лига – Југозапад кои ќе стартуваат во 14:00 часот.

Црно Буки – Македонија Враништа

Возбудливо дерби ќе се одигра меѓу Црно Буки и Македонија Враништа. Домашната екипа ќе биде фаворит и според формата и домашниот терен, но гостинот од Враништа минатото коло покажа дека има квалитет и на домашен терен го сруши фаворитот Влазними, па во недела има мотив плус и доаѓа по ново изненадување и три бодови.

Влазними – Воска

Екипата на Влазними на домашен терен ќе го пречека лидерот Воска. Охриѓани во недела ќе бидат фаворит за 16-ти сезонски триумф, имаат квалитна екипа и играат во одлична форма. Влазними минатото коло во Враништа доживеат голем пораз, па во недела ќе го искористи домашниот терен да направи изненадување против непоразениот лидер.

Сатеска – Победа Ивањевци

Сатеска на домашен терен ќе ја пречека екипата на Победа од Ивањевци, во натпревар каде домашната екипа ќе биде фаворит за нова победа. За гостите од Ивањевци се освен пораз ќе биде позитивен исход во тешката борба за опстанок во третолигашкото друштво.

Октиси – Преспа

Возбудлив дуел ќе се одигра меѓу Октиси и Преспа во борбата за подобар пласман на табелата. Октиси на домашен терен ќе атакува по осми сезонски триумф и можност за напредок на табелата, додека гостинот од Ресен со евентуална победа ќе може да направи прогрес од едно место. Изразит фаворит нема, можеби домашната екипа ќе биде во поповолна ситуација, но во секој случај очекуваме неизвесен натпревар.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Белица – Караорман

Беласица на домашен терен ќе има тежок натпревар против второпласираниот Караорман. Иако Белица игра на домашен терен, сепак фаворитската улога ќе ја има гостинот од Струга, кој има поквалитетен тим и игра во одлична форма. Домашната екипа се бори за опстанок во Третата лига – Југозапад, па се освен пораз за нив ќе биде позитивен исход од тешкиот натпревар.

Дебарца – Кравари

Дебарца во недела ќе биде домаќин на Кравари. Формата го фаворизира гостинот, додека домаќинот ќе го искористи домашниот терен за да стигне до шеста сезонска радост.

Стрела – Лирија

„Фенерџијата“ Стрела на домашен терен ќе игра против Лирија од Грнчари. Домашната екипа со 5 освоени бодови е забетонирана на дното од табелата, па шансите за опстанок се многу мали, додека Лирија која направи серија одлични резултати успеа да одлепи од опасната зона, па во недела ќе се обиде да стигне до петтиот сезонски трумф и со тоа да осигура опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!