ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Македонија Враништа домаќин на Победа Ивањевци, дерби меѓу Црно Буки и лидерот Воска, Новаци гостува кај Сатеска

Фудбалерите на Црно Буки утре на домашен терен ги очекува големо дерби со лидерот Воска од Охрид, во рамки на 20. коло од Третата лига – Југозапад.
Македонија Враништа на домашен терен ќе биде фаворит против Победа од Ивањевци која се бори за опстанок, Влазними ќе биде домаќин на Преспа, а Новаци ќе гостува кај Сатеска во Волино.
Октиси против Караорман, Белица игра многу важен натпревар за опстанок со Лирија од Грнчари, додека во Мораишта ќе се соочат Дебарца и Стрела од Могила.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Сите натпревари ќе започнат во ист термин, односно во 14:00 часот.