ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија У-19 со победа над Молдавија ги заврши подготовките во Анталија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со победа ги заврши подготовките во Анталија, откако денес со минимални 1:0 славеше над репрезентацијата на Молдавија до 19 години.

За Македонија настапи со Новаков, Костовски, Фетаи, Величковиќ-Радуловиќ, Крстевски, Николов, Рамани, Фета, Игњатов, Трајановски и Адеми, а од клупата за резерви влегоа Митрев, Николоски, Ѓурковски, Терзиев, Ракипи, Арифи, Џемаили, Петејчук, Муше, Шаини, Маркоски, Абази, Окан-Куртулан.

Претходно, нашата репрезетанција до 19 години загуби од Бугарија со високи 0:4, и од У-19 тимот на Динамо Киев со 1:3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!