Одбојка

Македонија со тотална доминација ја „збриша“ БиХ и чекори кон ЕП!

Македонија после вчерашниот пораз од Турција, денес одигра фантастичен натпревар и по втор пат ја совлада Босна и Херцеговина со убедливи 3:0 (25-20, 26-24, 25-13) во квалификацискиот турнир за Европското првенство кој се одржува во Скопје.

Македонија одлично го отвори натпреварот и првиот сет го доби со 25:20. Во вториот сет БиХ одигра подобро, па нашата репрезентација се намачи, но сепак го доби сетот со 26:24. Во третиот сет Македонија имаше тотална доминација и сетот го доби со убедливи 25:13.

Македонија ја оствари првата зацртана цел, а тоа е две победи над БиХ и сигурни шест бодови.

Поврзани Наслови

Дуелот со Турција каде ќе се бориме за бод или сет повеќе ќе се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!