Одбојка
Македонија со победа над Турција оди на ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО!

Македонската одбојкарска репрезентација со победата над Турција од 3:1 во сетови се пласираше на Европското првенство.

Македонија одлично го отвори резултатот и првиот сет го доби со 25:19. Турската репрезентација во вториот сет покажа „заби“ и го освои сетот со 21:25. Третиот сет македонските одбојарки го добија со два разлика при 25:23.
Натпреварот беше решен во четвртиот сет кој Македонија го доби со 25:18.
Македонија ќе биде меѓу најдобрите 24 европски репрезентации.