Македонија со победа над Швајцарија ги заврши квалификации за ЕП!

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификации за Европското првенство кое се игра во јануари 2020 година, откако оствари велигденска победа на Швајцарија со 29:28 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Нашите ракометари немаа никаков притисок, бидејќи притисокот беше кон Швајцарците кој требаше да дојдат до победа или реми за да патуваат на ЕП, но во тоа не успеаја. Македонија играше без повредениот Дејан Манасков.

Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест погодоци беа најдобри во нашиот состав, додека кај Швајцарците најдобар беше Рубин со девет погодоци, а еден помалку имаше Шмид.
Македонија ќе игра по седми пат на Европско првенство или шесто во серија.
Ждрепката ЕП 2022 ќе биде в четврток, со почеток од 18:00 часот.