РакометРакомет - Македонска репрезентација

Македонија со победа над Финска, местото за ЕП обезбедено

Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денес со 22:27 славеше над Финска и го обезбеди местото на Европското првенство кое се игра во јануари.

Митревски имаше осум одбрани, а Томовски седум. Најдобри во редовите на нашата репрезентација беа Кирил Лазаров и Кузмановски со пет погодоци, додека Георгиевски имаше четири.

Росландер беше расположен на голот на Финците кој запиша 19 одбрани и 3 седмерци, додека Хејнонен имаше две одбрани и еден седмерец. Најдобар стрелец беше Грандлунд со шест гола, а по четири имаа Хеландер и Мартин.

Табелата во нашата група:

  1. Данска – 8 бодови
  2. Македонија – 8 бодови
  3. Швајцарија – 4 бодови
  4. Финска – 0 бодови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!