Одбојка
Македонија со победа над БиХ ги отвори квалификациите за Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес запиша победа над Босна и Херцеговина со 3:1 и со победа ги започна квалификациите за Европското првенство.
Првиот сет заврши со 27:25 за Македонија, вториот со 25:21, додека третиот сет го доби Босна со 23:25, по што Македонија одигра одличен четврт сет кој го доби со 25:19.

Македонија вечерва одигра одличен натпревар против Босна која исто така одигра солиден натпревар и беше достоен противник во поголем дел од натпреварот.

Следен противник за Македонија е фаворизираната селекција на Турција, натпревар кој ќе се игра во Среад, потоа следува нов дуел со Босна (четврток) и квалификациите ќе ги затвориме во сабота против Турција.