РакометРакомет - Македонска репрезентација

Македонија со најдобро прво полувреме, но Белорусија се радуваше и со пораз го завршивме СП!

Ракометната репрезентација на Македонија загуби и од Белорусија со 30:26 и со пораз го завршивме Светското првенство. Македонија во првата фаза запиша два порази од Шведска и Египет, а победа со Чиле. Во главната фаза имавме три порази од Словенија, Русија и Белорусија.

На Светското првенство на кое игравме како прва замена за Чешка, ќе го забележи најлошиот пласман на големата сцена.

Натпреварот го стартувавме со интервенција на Никола Митревски, а во нападот кој го организиравме не успеавме да реализираме. Наспротивната страна Белорусија погоди и го отвори резултатот на натпреварот со 1:0. Димитриоски со осмиот гол на шампионатот израмни на 1:1. До 6. минута Митревски ја запиша втората интервеција, а Лазаров со атрактивен гол израмни на 2:2.

Првото исклучувања на натпреварот го имаше Бохан во 8. минута од натпреварот, а резултатот беше 3:3. По третата интеверција на Митревски, Марковски погоди од гол на гол за прво водство на Македонија од 3:4. Новата интервенција на Митревски и погодокот на Поповски ни донесе водство од +2 на натпреварот при 3:5. До 13. минута Белорусија ја стопи нашата предност и резултатот беше 5:5. Поповски со вториот гол на натпреварот го врати водството на Македонија од 5:6. Со одличен гол Кулак донесе ново израмнување на 6:6. Капитенот Лазаров преку првиот седмерец на натпреварот за нашата репрезентација во 16. минута донесе ново водство од 6:7.

Македонија во 18. минута доби втор седмерец, а капитенот Лазаров успешно погоди за 8:9 и повторно водство на нашите ракометари. До 23. минута резултатот беше 10:10. Нашата репрезентација преку капитенот Лазаров го врати водството од 10:11, а на спротивната страна Белорусија брзо израмни на 11:11, со гол постигнат од седмерец, а успешно реализираше Вајлупау.

До 28. минута резултатот беше 13:13 и се играше гол за гол. Со нов атрактивен гол Кузмановски донесе ново водство на Македонија од 13:14 на минута до крајот на прво полувреме. Селекторот на Белорусија, Шевцов побара тајм-аут на 50 секунди до крајот од првиот дел кога Белорусија имаше напад за израмнување. Гајдученко постигна гол за 14:14, а Македонија во последните секунди од натпреварот имаше напад за водство, но не успаевме да реализираме и на полувреме се замина со 14:14.

Македонија одигра квалитетно прво полувреме, со повеќе желба и агресивност, со повеќе енергија и одлична одбрана. Во првиот дел капитенот Лазаров беше најдобар стрелец со 6 гола, додека кај Белорусија најмногу се истакнаа Кулеш и Вајлупау со по три гола.

Натпреварот започна со два брзи гола на Кулеш и прво водство на Белорија од два гола на натпреварот при 16:14.

До 42. минута Македонија израмни на 20:20 со гол на Кузмановски, кој потоа доби и две минути и нашата репрезентација остана без играч во поле. Исклучувањето на Кузмановски негативно влијаеше врз нашата игра и Македонија повторно губеше со два разлика до 44. минута. „Падна“ нашиот напад и грешките на нашите ракометари противникот ги користеше со што Белорусија дојде до 23:20 со гол на Астрашапкин за плус 3. Ракометарите на Белорусија направија серија од 3:0. Одличната серија на Белорија продолжи и водството се зголеми на четири разлика, по што Брестовац повика тајм-аут. До 51. минута резултатот беше 26:22.

Томовски ја запиша првата интеревенција, а во нападот реализиравме преку Цветан Кузмановски за 26:23 и негатива од три разлика. Расположениот Астрашапкин и донесе повторно водство на Белорусија од четири разлика при 27:23, а во нападот не реализиравме преку Лазаров. Томовски запиша нова, втора интервенција на мечот, но Талески не реализира во нападот и на шест минути до крајот Македонија имаше негатива од четири гола.

На шест минути до крајот селекторот Шевцов повика тајм-аут. Нашата реализација во нападот беше многу слаба, а противникот ја полнеше нашата мрежа и до 56. минута резултатот беше 29:23 и највисоки +6 за Белорусија. Младиот Цветан Кузмановски со два од два намали на 29:24. Костески го постигна вториот гол на натпреварот и намали на 29:25 во 58. минута од мечот, но на спротивната страна Астрашапкин постигна гол за 30:25, а со брз напад Македонија преку Пешевски дојде до 30:26. Во последните секунди од мечот Белорусија доби седмерец, но истиот не беше реалзиран.

Македонија одигра одлично прво полувреме, можеби најдоброто на Мундијалот, но во вториот дел потфрли одбраната, а потоа „падна“ и нападот, а тоа Белорусија вешто го користеше и дојде до победа од 30:26.

Играч на натпреварот со седум постигнати погодоци беше нашиот капитен Кирил Лазаров, кој беше најдобар стрелец во нашите редови, додека кај Белорусија со седум постигнати гола најефикасен беше Кулеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!