РакометРакомет - Македонска репрезентација

Македонија се „распадна“ во првото полувреме и прими 20 гола од Египет

Ракометната репрезентација на Македонија одигра катастрофално прво полувреме со Египет и на полувреме оди со негатива од 14 гола, при 20:6.

Домаќинот одигра перфектно прво полувреме, а за големата разлика најмногу е заслужен новиот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хандави.

После тајм-аутот на Брестовац во 13. минута и црвениот картон на Кузмановски играта на Македонија буквално се распадна и бевме торпедирани од сите страни. Македонската одбрана повторно немаше никаков отпор, како и на дуелот со Шведска.

Најдобар во првиот дел во нашите редови беше капитенот Кирил Лазаров кој постигна три голови, додека кај Египет најдобри беа Шебиб и Санад кои постигнаа по пет гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!