РакометРакомет - Македонска репрезентација

Македонија против фаворитот Словенија во обид за изненадување

Македонија денес ја отвара втората рунда на Мундијаталот во Египет против ракометната репрезентација на Словенија. Македонија со победата над Чиле обезбеди втора фаза од натпреварување без да пренесе бодови, додека Словенија пренесува два бодови со победата над Белорусија.

Словенците секогаш биле тежок противник за Македонија, двете селекции се имат соочено седум пати. Словенија беше три пати подобра, два натпервари завршија без победник, додека Македонија два пати запиша победа. Последната победа на Македонија против Словенија беше пред три години на Европското првенство каде нашата репрезентација славеше со 25:24, па сигурно мотивот за одмазда денес кај словенците ќе биде голем.

Словенија ќе биде далеку потежок противник од Чиле, има одлични ракометари на сите позиции, а според обложувалниците словенците ќе важат за голем фаворит против нашата репрезентација.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 15:30 часот и со пренос на МРТ-1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!