РакометРакомет - Македонска репрезентација

Македонија против домаќинот Египет за прва победа на СП

Македонската ракометна репрезентација со убедлив пораз од Шведска со 32:20 го отвори Светско Првенство во Египет. Денес нашата репрезентација ќе се соочи токму со домаќинот кој Мундијалот го отвори со рутинска победа над аутсајдерот во нашата група Чиле со 35:29.

Македонија денес треба да одигра поквалитетен натпревар со посериозен пристап, со многу жар и со срце на теренот, да изненади и да ја запише првата победа. Нашата цел на Мундијалот е пласман во следната групна фаза, цел која може да се обезбеди со само една победа, а таа победа сигурно би ја имале во понеделник против Чиле. Но, зошто секогаш да одиме со тој менталитет, зошто да не одигра со срце на терен, храбро, одлучно, моќно и вечерва да запишеме победа над Египет.

Македонија има одиграно два натпревари со селекцијата на Египет и двата ги има загубено. Првиот натпревар се играше на 7. јуни во 1999 година на Светското првенство каде токму Египет беше организатор, на овој натпревар домаќинот со 30:24 беше подобар од Македонија.

Вториот натпревар се одигра на 24. јуни во 2018 година на Медитеранските игри, каде Египет повторно славеше над Македонија со 34:29.

Според обложувалниците, фаворитската улога ја има Египет, кој ќе игра на домашен терен, но и традицијата од овие два натпревари е на нивна страна. Натпреварот ќе стартува во 18:00 часот и ќе може да се следи на МРТ-1.

Целиот распоред за пренос на натпревари од СП на МРТ-1 и МРТ-3 погледнете го ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!