Европски ФудбалФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија против Бугарија, Грузија и Гибралтар во новото издание на Лига на нации

Денес во Нион се одржа ждрепката за новата сезона од Лигата на Нации. Сите 55 членки вечерва ги дознаа противниците во групната фаза.

Македонија ќе игра во Групата 4 од Лигата Ц каде ќе игра против Грузија, Гибралтар и Бугарија.

ЛИГА А:

Група 1: Австрија, Хрватска, Данска, Франција
Група 2: Чешка, Швајцарија, Португалија, Шпанија
Група 3: Унгарија, Англија, Германија, Италија
Група 4: Велс, Полска, Холандија, Белгија


ЛИГА Б:

Група 1: Ерменија, Ирска, Шкотска, Украина
Група 2: Албанија, Израел, Русија, Исланд
Група 3: Црна Гора, Романија, Финска, Босна и Херцеговина
Група 4: Словенија, Србија, Норвешка, Шведска


ЛИГА Ц:

Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција
Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска
Група 3: Азербејџан, победник од дуелот Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словечка
Група 4: МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар, Бугарија


ЛИГА Д:

Група 1: Андора, Летонија, поразен од дуелот Казахстан/Молдавија, Лихтенштајн
Група 2: Сан Марино, поразен од дуелот Кипар/Естонија, Малта

Натпреварите од Лига на нациите ќе се играат во јуни следната година (четири натпревари) и во септември (два натпревари). Првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Најдобрата селекција ќе обезбеди место на Европското првенство 2024.

Полуфиналињата се закажани за 14 и 15 јуни 2023 година, додека пак финалето и мечот за третото место ќе се игра на 18 јуни 2023 година.

Плеј-аутот е закажан во период од 21 до 26 март 2024 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!