Македонија против Белорусија за поправање на лошиот впечаток по убедливите порази на СП

Ракометната репрезентација на Македонија денес го игра последниот натпревар на Светското првенство во Египет, против Белорусија, можност за поправање на лошиот впечаток по убедливите порази од Египет, Шведска, Словенија и Русија.
Македонија првата фаза од Мундијалот ја помина со победата над Чиле од 32:29, а претходно загуби од Египет со убедливи 38:19 и од Шведска со 32:20. Во втората фаза разочарувањата продолжија, откако загубивме убедливо од Словенија со 21:31 и од Русија со 20:32.
Македонија досега се има соочено само еднаш со Белорија и има запишано минимален пораз од 29:30, на Европското првенство во 2016 година.
Натпреварот кој ќе биде последен за Македонија и Белорија на СП се игра со почеток од 15:30 часот и ќе може да се следи во живо на МРТ-1 и МРТ-3.
Еден Коментар