ФудбалФудбал - Македонска репрезентацијаФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија подобра на тестот против Работнички

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски за мини кампот успеаја со 2-0 да го победат Работнички на контролен натпревар што се играше денеска на теренот на ФФМ во Скопје.

Тоа беше добра контрола, интересен меч, на кои селекторот имаше што да види од евентуалниот потенцијал во пресрет на репрезнетативните настапи.

Првиот гол за избраниците на Ангеловски беше дело на Дориев во 15 минута. Вториот гол пак беше дело на Фатих Исмали во 65.минута за конечни 2:0 за екипата на селекторот Ангеловски.

Репрезентација: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски.

Играа и: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.

Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, Станковски.

Играа и: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јефтоски, Прелчец.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!