РакометРакомет - Македонска репрезентација

Македонија и новиот селектор Лазаров вечерва против светскиот првак Данска

Македонската ракометна репрезентација вечерва предводена од новиот селектор Кирил Лазаров ќе се соочи со актуелниот светски првак Данска, во третиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2022.

Новиот селектор Лазаров ќе треба да смисли тактика како за прв пат да се победи моќната Данска, која секогаш имала големи победи над Македонија. Најблиску до победа бевме во Србија кога на Европското првенство во 2012 година изгубивме само со еден гол разлика, односно 33:32.

Македонија и Данска прв пат се соочија во 2009 година на Светското првенство, а тогаш загубивме со високи 32:24.

Меѓусебни дуели на Македонија и Данска:

Македонија – Данска 20:31 (ЕП, 24. јануари 2018)
Данска – Македонија 29:21 (ЕП, 12. јануари 2014)
Данска – Македонија 33:30 (СП, 18. јануари 2013)
Данска – Македонија 33:32 (ЕП, 21. јануари 2012)
Данска – Македонија 32:24 (СП, 25. јануари 2009)

Дуелот меѓу Македонија и Данска се игра вечерва со почеток од 20:00 часот и истиот ќе може да се следи на МРТ 1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!