ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Македонија ЃП закажа два контролни натпревари кои ќе се играат во Кичево

Освојувачот на Купот на Македонија и наш претставник во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, Македонија Ѓорче Петров ги закажа првите два контролни натпревари, кои ќе се одиграат на Градскиот стадион во Кичево.
Веќе за два дена (22. јуни), „лавовите“ во првиот пријателски меч ќе се соочат со Дрита од Гнилане, додека пак на 26. јуни Македонија ЃП ќе се соочи со Лапи. Двата натпревари ќе стартуваат во 18:00 часот.
Македонија Ѓорче Петров во европските настапи ќе игра против ЦСКА Софија, првиот дуел се игра во Скопје на 21. јули во рамки на второто квалификациско коло, а седум дена подоцна е закажан реваншот во Бугарија.