ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Македонија ЃП со трумф над „фенерџијата“ Беласица во Струмица

Македонија Ѓорче Петров сосема очекувано стигна до нов триумф откако среде Струмица со 0:2 славеше над „фенерџијата“ Беласица.
Фаворитската улога беше на страната на „лавовите“ кој пред крајот на првиот дел од натпреварот стигнаа до водство од 0:1 со гол на Да Силва Робсон кој стрелаше против тимот за кого настапуваше во есенскиот дел од сезоната.
На шест минути пред крајот на натпреварот Бразилецот Чарлестон ја стресе мрежата на Вулиќ за конечните 0:2.
Беласица останува забетонирана со 14 бодови на дното од табелата, додека „лавовите“ со 44 бодови се на третото место.