ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП се засили со Кристијан Стојкоски

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров денес претстави уште едно засилување за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. Повратник во екипата на „лавовите“ е Кристијан Стојкоски кој доаѓа од редовите на Работнички.

30-годишникот по разделбата со Работнички се одлучни да остане во Скопје и да ја прифати понудата на прволигашот од Ѓорче со што по пет години Стојкоски се враќа меѓу „лавовите“, откако во 2017 година ја напушти екипата и премина во редовите на Шкупи.

Во својата кариера Стојкоски покрај за Работнички, Македонија ЃП и Шјупи има настапувано и за Академија Пандев и Тетекс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!