Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП против ЦСКА Софија, Шкупи ако испадне ќе налета на Тобол или Ференцварош

Македонија има три претставници во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Шкендија и Академија Паднев стартуваат од првото квалификациско коло, додека пак освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе стартува од второто квалификациско коло.

Втората ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион посака Македонија ЃП да се соочи со ЦСКА Софија од Бугарија.

„Лавовите“ на Муарем Бајрами првиот меч го играат во Бугарија, додека пак реваншот го играат во Скопје.

Колку за потсетување струмичани во првото коло ќе играат против Легија Гданск, првиот меч се игра во Полска, а реваншот е во Скопје. Доколку Академија Пандев го помине првото квалификациско коло, во второто ќе се соочат со Рапид Виена од Австрија.

Шкендија во првото квалификациско коло според вчерашната ждрепка ќе се соочат со Арарат, а доколку поминат во второто коло ќе налетат на Валмиера од Летонија.

Шампионот Шкупи доколку загуби од Линколн Ред Импс во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Доколку момците на Гоце Седлоски тогаш ќе се соочат со Тобол Костанај од Казахстан или Ференцварош од Унгарија.Македонија ЃП против ЦСКА Софија, Шкупи ако испадне ќе налета на Тобол или Ференцварош. Доколку Шкупи го помине првото коло, тогаш во второто ќе се соочи со Динамо Загреб од Хрватска.

Првите натпревари се играат на 7. јули, а една недела подоцна се закажани реваншите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!