ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Македонија ЃП ќе одигра шест контролки во Анталија

Македонија Ѓорче Петров одигра фантастична сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Лаловите“ завршина на делба на второто место на табелата со 33 бодови, шест помалку од лидерот Шкендија.
Екипата на Жикица Тасевски подготовките ги започна пред десетина дена во Скопје, а од 22 јануари екипата ќе се „сели“ во Анталија, каде на турско тло ќе бидат одиграни шест контролни натпревари.
Екипата во Анталија ќе остане до 5 февруари, а ќе бидат одиграни контролки со Олександрија, Инхулетс, Моната, ЦСКА 1948, Минај и Олимпик Доњецк.
„Лавовите“ пролетниот дел од сезоната го стартуваат на гостински терен против Струга Трим Лум.

Еден Коментар