ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Македонија ЃП ја засили одбраната со Оливер Стоименовски

Прволигашот Македонија ЃП ја засили одбраната со Оливер Стоименовски. 23-годишникот доаѓа како слободен играч, а во својата кариера има настапувано за Борец, Работнички и Карабах.
Македонија Ѓорче Петров има лош старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ по шест одиграни натпревар во ПМЛФ имаат скор од една победа, две ремија и три порази, со вкупно 5 освоени бодови се наоѓаат над бараж зоната, односно на осмото место на табелата.