ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП ја продолжи соработката со двајца фудбалери, а со двајца други се раздели

Македонија Ѓорче Петров ја продолжи соработката со двајцата бразилски интернационалци Фернандо Аугусто и Матеус Лемос кои ќе продолжат во дресот на „лавовите“ да настапуваат во Првата македонска фудбалска лига.

Бразилците се стандардни фудбалери во екипата на Бајрами, а во многу наврати се покажаа како клучни играчи. Двајцата фудбалери ќе останат во екипата од Ѓорче до 2023 година.

Покрај продолжувањето на соработката со овие двајца фудбалери, прволигашот од Ѓорче ја прекина соработката со Абу Камара и Балша Бановиќ, што значи дека овие двајца фудбалери во иднина нема да го носат дресот на Македонија Ѓорче Петров.

„Лавовите“ под водство на Бајрами се преродија и есенската полусезона ја завршија на делба на петтото место со 27 освоени бодови, колку што има и Ренова.

Пролетниот дел Македонија Ѓорче Петров го стартува на домашен терен против Тиквеш, мечот е закажан за 13 февруари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!