ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП и Личина ја продолжија соработката

Македонија Ѓорче Петров продолжува да со градењето на екипата за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ денес ја продолжија соработката со Есмин Личина и за следната сезона.

23-годишниот играч беше клучен за Македонија ЃП минатата сезона, па двете страни лесно се договорија за продолжување на соработката и во следната сезона.

„Лавовите“ во новата сезона влегуваат со една цел, напад на врвот во елитата и обезбедување „виза“ за излез во Европа, откако во минатата сезона во последните неколку кола ја загубија „трката“ со Струга Трим Лум, која на крајот обезбеди место во Европа, откако заврши на третото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!