ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Македонија ЃП и Брегалница ги поделија бодови во меч без голови

  1. коло од Првата македонска фудбалска лига беше комплетирано со денешниот дуел во Ѓорче, каде Македонија ЃП и Брегалница одиграа тврд и тежок меч без погодоци (0:0).

90 минути мрежите беа мирни и на двете страни, а штипските „сини“ предводени од привремениот тренер Лазар Илиев беа поконкретни и со поголеми шанси за гол, но фалеше реализација.

Најчесто се играше на средината од теренот, и сосема очекувано беше да гледаме сиромашен меч во поглед на погодоците.

„Лавовите“ имаа контролна над топката, правеа притисок, но Брегалница имаше повеќе шанси во противничкиот шеснаесетник. Сепак, на крај и двете екипи мораа да се задоволан со поделба на бодовите.

Ваквиот резултат не прави никакви промени на табелата. Брегалница останува на шестото место на табелата со 20 бодови, а три помалку има Македонија ЃП која останува на седмото место на табелата.

Лидер на табелата е Струга, која вчера славеше во дербито на колото со 1:0 над Шкендија. Стружани имаат 30 бодови, пет повеќе од шампионот Шкупи, кој е втор, а вчера славеше над Скопје со 3:1 на Градскиот стадион во Кичево.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!